Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков е водостојот на реките во Македонија?

Каков е водостојот на реките во Македонија?

Повеќето реки во земјава имаат водостој кој е помал за овој период од годината, а само три реки се движат околу просечното ниво. 

Нивото на реката Вардар кај Скопје и Јегуновце и на Црна Река кај Новаци е двојно пониско од просекот за мај. Ова го соопштуваат од УХМР. 

Вардар кај Велес и Демир Капија, како и Треска кај Македонски Брод се исто така под просечното ниво, а нешто повеќе од двојно е намален водостојот на Црн Дрим. 

Многу  пониско е нивото на реката Сатеска кое деновиве се движело од 2 до 7 сантиметри за разлика од мајскиот просек кој е 38 сантиметри.

Приближно на просечното ниво за овој месец се Пчиња, Струмица и Крива Река.

Слично

Поврзани вести