Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКОВ ДОКУМЕНТАРЕЦ НАПРАВИ БТВ ОД ОХРИД? „Малкумина се осмелија пред камера да кажат дека се Бугари“

КАКОВ ДОКУМЕНТАРЕЦ НАПРАВИ БТВ ОД ОХРИД? „Малкумина се осмелија пред камера да кажат дека се Бугари“

„Бугарин во Северна Македонија“ е насловен документарецот што го направи бугарската телевизија БТВ во Охрид.

„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков екипа на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе разговараме со неколкумина кои се родени и израснати во Северна Македонија, но тие велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на Насилство“, раскажува новинарката на БТВ.

Во нејзиниот запис вели дека малкумина имале храброст пред камера да се изјаснат дека се Бугари. Единствено од соговорниците е 82-годишниот Крсте трајковски, кој за БТВ изјави:

-Мојот дедо и нашите дедовци беа од Балканските војни. На еден народ историја да му ја спориш-нема. Тоа е исто, како на едно убаво лице да му ги извадиш двете очи.

Крсте Трајковски, како што наведува БТВ е чест гостин во клубот „Цар Борис III“, и за време на првиот напад тој бил внатре.

БТВ разговараше и со двајцата браќа од Охрид, кои беа приведени веднаш по нападот на Пендиков.


Слично

Поврзани вести