„КАКОВ ДЕН ЗА КУМАНОВО, КОЦЕ ОД СКОПЈЕ ЌЕ НИ ГО ПРАВИ 'БРАНСКО ЏАДЕ'“: Костовски до Димитриевски и власта - „Коалицијо асфалтно-бекатонска ДОСТА ВИ Е!!!“
Додуша не е готова водоводната мрежа, ама ќе биде, сега да се асфалтира прво, ама и да не цепидлачиме се ближат избори, затоа треба да сме “happy” ќе зацрни асфалтче, чао на проблеми и фала Богу ќе ги сочуваме предниците на колите(барем на ул.Никола Тесла).
Коалиционите партнери во оделца среќни и единствени(топ не ги бие) се појавија и ги најавија градежните активности. За момент кумановци помислија дека почнува со изградба она што му недостига на градот,можеби.
-нова градинка
-театар
-кино сала
-парк со зелена површина
-концертна сала
-отворен базен со аква парк
-пешачка зона
-урбан блок со шеталиште
-рекреативни зони……
….но, денешнава коалициска дружба и активност е изгледа најава на единствен кандидат за градоначалнк, е сега кој ќе биде ќе почекаме уште неколку недели .
