Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kако Заев ја коментира изјавата на Рама за отворени граници?

Kако Заев ја коментира изјавата на Рама за отворени граници?

Македонскиот премиер, Зоран Заев денеска даде одговор што тој мисли за изјавата на албанскиот колега, Еди Рама дека и границата со Македонија треба да се отвори, откако тоа се случи со Косово на стартот на оваа година. 

„Јас би ги отворил сите граници веднаш“ -  вели Заев.

Заев не гледа ништо спорно во изјавата на Рама за отворање на албанските граници кон соседите, вклучително и кон Македонија. Македонскиот премиер, во пораката на Рама препознава единствено економски бенефит и забрзување на протокот на патници и стока.

Рама, во својата порака на крајот од годината рече дека по отворањето на границата на Албанија со Косово, истото барање ќе биде насочено кон Црна Гора, Македонија и Грција, објави весникот Observer.

"Наскоро верувам дека наредниот пролет ќе ја ставиме границата меѓу Албанија и Косово во режимот на технички критериуми на Шенгенскиот договор. Отворена граница со Македонија, Црна Гора и Грција е исто така наша це во поблиска иднина со нашето членство во ЕУ ", рече Рама.

Оваа негова идеја различно беше протолкувана, а според некои експерти може да ја наруши безбедноста на Балканот. 

Слично

Поврзани вести