Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Заев ги коментира оставките на членови од ДИК?

Како Заев ги коментира оставките на членови од ДИК?

Премиерот Зоран Заев денеска за оставките на дел од членовите на Државната изборна комисија рече дека тоа е морален чин.

Според Заев, се работи за исклучителни професионалци коишто имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. 

„Јас денес го поздравувам чинот кој што го направија сите, а тоа е да ги вратат назад парите во Буџетот. Истовремено, поднесоа и лична одговорност како морален чекор, веројатно поради критиките на јавноста, и поради тоа пред кое што беа исправени“- изјави Заев. 

Тој додаде дека членовите на ДИК се професионалци за кои ќе води грижа и понатаму.

„Тие испратија порака на морално и етичко однесување кога јавноста знае да реагира, веројатно поради нетранспарентноста на одлуката која што ја донесоа, и веројатно поради тоа што не ја информираа јавноста за намерата која што ја постигнаа преку искористувањето на тој член 19, кој што им овозможува дополнителни надоместоци“- додаде Заев. 

Поради високите бонуси кои членовите на ДИК си ги поделиле меѓусебно и тајно, под притисок на јавноста утрово се поднесени и три оставки. 

Претседателот на комисијата Александар Чичаковски, и членовите Виолета Дума и Игор Милев се повлекуваат од функциите во Државната изборна комисија откако изби скандалот дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси. Оваа информација ја обелодени американскиот амбасадор Џес Бејли. 

Имаше и онлајн петиција за оставки која ја потпишаа најмалку 5000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести