Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како време не очекува денес?

Како време не очекува денес?

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во раните утрински часови ќе биде поизразено нестабилното и променливо време особено во западните делови, а околу пладне во источните делови е можно да наврнат над 15 литри на метар квадратен.

Во Скопје максималните дневни температури ќе достигнат до 16 степени. Во раните утрински часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, а веќе попладне облачноста ќе се намали.

Облачно и посвежо време  со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната работна седмица, освен во вторник кога ќе биде претежно суво.

На повисоките планински места се очекува врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.


Слично

Поврзани вести