Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ВОЗИМЕ: Мажите без појас, жените – на мобилен телефон!

КАКО ВОЗИМЕ: Мажите без појас, жените – на мобилен телефон!
За два месеца колку што трае кампањата за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот, употребата на сигурносен појас при возење се зголемила за 14%, покажаа податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот. Истражувањето утврдило дека мажите помалку користат појас во автомобилот, додека жените многу почесто зборуваат на мобилен телефон додека возат. И возењето без појас и зборувањето на мобилен телефон додека управувате со автомобилот се казнува. Употребата на сигурносниот појас е помала во руралните средини. „Како оправдување за некористење сигурносен појас ги наведуваат кратките релации што ги возат и намалената брзина.  Во светски размери последиците од сообраќајни несреќи се при мали брзини се големи.“, вели Анѓелко Василески од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Од набљудувани 10-тина илјади возила низ цела Македонија, предводник во употребата на сигурносни појаси е Демир Капија со 68 проценти. Во Скопје тој процент е 58, а на дното се Гостивар и Кичево.  
Слично

Поврзани вести