Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како влијае коцкањето на финансиите?

Како влијае коцкањето на финансиите?

Лас Вегас е успешна приказна во САД, но сепак на пример Атлантик стти покажува дека не е можно да го пресликаат

Индустријата на коцки не може да и донесе подобрување на економијата, и тоа го покажува и гасењето на хотелот/казино на Трамп во Атлантик сити, кој е само еден во низата раеви на источниот брег на САД.

Самиот Трамп потрошил милијарда долари во обид да го спаси, а вториот голем казино хотел и покрај напорите на гувернерот Крис Кристи пропаднал-двапати.

Трамп уште во деведесетите и пред да почне со работа продал добар дел од казиното, а подоцна неговиот дел се намалувал додека не му се „нафрлиле“. Името останало поради маркетингот. Неговата иновација-воведување на стрип клубови во казино ја прифатиле и други, но тоа не им помогнало.

Индустријата на казина воопшто не е либерална, напротив, се работи за многу регулирана област во која е тешко да се опстане. Кога Трамп добил ослободување од данок (има уште едно казино во градот) , никој не би рекол ни збор сопственикот на казино да не се кандидираше за претседател.

Со казината е поврзана и проституцијата и тоа на најлош начин. Во Лас Вегас е забранета, па една од неодамнешните рации открила дека мнозинството проститутки се малолетнички. Имено, проституцијата е легализирана во неколку градови во околината на Вегас, каде проститутките се организирани.

Вегас сепак е многу конзервативен и религиозен на што допринесуваат семејствата на војници сместени недалеку од овој град. Логично е да земја голема како САД го има Лас Вегас, но не им требаат два такви градови. И тоа нема да се примени секаде.

Слично

Поврзани вести