Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови ветувања од Владата: Како ќе ја подобрува соработката со медиумите

Нови ветувања од Владата: Како ќе ја подобрува соработката со медиумите

Владата целосно ги почитува правата и потребите на медиумите, соработката ќе се подобрува континуирано низ заеднички дијалог, посочуваат денеска од таму притоа посочувајќи дека со посебно внимание се прифатени и анализирани реакциите на претставниците на медиумите што беа предизвикани од настаните за време на подготовките за известување од лидерската средба што се одржа вчера во Клубот на пратениците.

„Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на РМ на вчерашниот настан обезбедија услови за работа на новинарите и новинарските екипи, соодветно на стандардите за вакви настани и насоките кои ги има добиено од безбедносните институции“, пишува во соопштението на Владата.

Поведени од начелото дека треба да бидат обезбедени еднакви услови за сите претставници на медиумите без исклучок, како и заради безбедносни проценки направени од професионалните безбедносни служби, од Владата изразуваат жалење што, како што велат, не постоело можност да се направат исклучоци од однапред утврдените и обезбедени услови за работа на сите медиумски екипи.

Слично

Поврзани вести