Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАКО ТРЕНЕР НА АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА, МОЖАМ ДА ИСТАКНАМ ДЕКА ТАА СЕ НОСЕШЕ РАМО ДО РАМО СО СИТЕ 42 НАТПРЕВАРУВАЧКИ“: Се огласи тренерот на олимпијката - донесе резултат нависок воопшто испукан за Македонија

„КАКО ТРЕНЕР НА АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА, МОЖАМ ДА ИСТАКНАМ ДЕКА ТАА СЕ НОСЕШЕ РАМО ДО РАМО СО СИТЕ 42 НАТПРЕВАРУВАЧКИ“: Се огласи тренерот на олимпијката - донесе резултат нависок воопшто испукан за Македонија

Деновиве актуелни се Олимписките игри во Париз, а посебно актуелна е темата за нашите натпреварувачи таму.
Откако лавина реакции имаше за 16 годишниот Никола Ѓуретановиќ.
Овој пат со поддршка меѓутоа за друг учесник на олимпијадата, се огласи тренерот на Анастасија Мојсовска, која се натпреваруваше во дисциплината воздушна пушка-жени, Јордан Тасевски, од стрелачкиот клуб „Стрелец“.
„„Како тренер на Анастасија Мојсовска која денес на 28.07.2024 година во 9 часот и 15 мин настапи на Олимписките игри во Париз 2024 можам да истакнам дека во текот на натпреварот таа се носеше рамо до рамо со сите 42 натпреварувачки и добро се координираше со мене со тоа што сите серии беа над 104 кругови освен една 103.7 со што оствари и највисок резултат воопшто испукан за Македонија на едни олимписки игри во дисциплината воздушна пушка жени.

На ова прво учество на Олимписки игри за неа постигна висок резултат од 625.3 кругови со серии: 104.5 103.7 104.3 104.4 104.0 104.4 и се пласира на 31-во место од вкупно 43 натпреварувачки. Во оваа дисциплина позади нас оставивме олимписки, светски и европски медалисти од земји како што се: Америка, Франција, Чешка, Египет, Велика Британија, Бразил и други.

Во текот на натпреварот таа погоди 57 центри од вкупно 60 испукани дијаболи за времетраење од 1 час и 15 минути, но во стрелаштвото секој еден зголемен пулс од срцебиење или адреналин делува на квалитетот на центрите што и одлучува кој на крај ќе биде најдобар.

За влез во финална борба или пласман во први осум во воздушна пушка жени потребни ни беа 631.3 кругови односно ни фалеа 6 кругови. Овие олимписки игри се покажаа доста посилни во однос на резултатот споредбено со минатите Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале потребни беа 628,3 кругови. Се надеваме дека овие Олимписки игри ќе бидат една одскочна даска за 22 годишната Анастасија до европско финале и медал на Европското првенство кое не очекува во почетокот на 2025 год.

Максимално очекуваното не го остваривме но сме задоволни од резултатот и пласманот.

Сепак Македонија со нецели 2 милиони жители победи земји кои се со милионски жители и кои во изминатиот четиригодишен олимписки циклус неспоредливо многу повеќе вложиле во спортот и во стрелаштвото. Се надевам дека новата Влада во наредниот олимписки циклус ќе обрне поголемо внимание за олимпиското и параолимпиското стрелаштво кои се докажале со високи резултати и освоени медали, а сеуште немаме национално стрелиште за тренинг и организирање на меѓународни натпревари.

Огромна благодарност сакам да упатам до моето семејство и сопругата Антонија кои ме поддржуваа пред сите препреки и имаа разбирање за моите чести отсуства од дома, како и до целиот управен одбор на МССФ и сите клубови, тренери и стрелци кои обединето работеа во изминатиот период за развој на младите категории и спортското стрелаштво како и сите наши поддржувачи и партнери кои несебично ни помагаа и излегоа во пресрет кога најмногу ни беше потребно во изминатиот олимписки циклус и финансиски и мотивирачки придонесоа во мозаикот да стигнеме до овие Олимписки игри во Париз 2024 и да оствариме висок резултат.“, напиша тој на фејсбук.



Фото: Фејсбук/Јордан Тасевски

Слично

Поврзани вести