Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како треба да изгледа вашата кратка биографија?

Како треба да изгледа вашата кратка биографија?

Еве неколку совети кои се однесуваат на изгледот на вашето CV, а ќе помогнат да го освоите потенцијалниот работодавец.

Наведете име, презиме, а во главни делови дадете детали за вашето работно искуство, образование, обуки, способности.

Кога станува збор за насловите, најважно е  да бидат напишани на ист начин низ целиот документ. Ако сте почнале со првиот наслов со задебелени букви во големина 12, секој нареден наслов треба исто така да биде со задебелени букви во големина 12.

Оставете барем еден празен ред после секој наслов. Премногу збиениот текст  може да го збуни читателот или да му се создаде одбивност и тој да не го прочита CV-то, бидејќи му е тешко да ги пронајде потребните информации. Препорачливо е на двете страни, лево и десно, да се остават маргини од најмалку 1 см, а најмногу 2,5 см.

Не користете потцртување, изгледа лошо на страницата, а уште полошо кога документот ќе се фотокопира.

Слично

Поврзани вести