Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАКО ТОА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЌЕ ГИ ПРЕДАДЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ПРИВАТНИ ЛИЦА?“: Најчевска со остра критика

„КАКО ТОА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЌЕ ГИ ПРЕДАДЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ПРИВАТНИ ЛИЦА?“: Најчевска со остра критика

Остра критика од професорката Мирјана Најчевска по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Комората на извршители и Фондот за пензиско осигурување. 

Најчевска прашува како државна институција ќе дава лични податоци кога уставот ја гарантира тајноста на личните податоци. 

- Како тоа една државна институција ќе ги предаде личните податоци на приватни лица?

Не може со меморандум за разбирање да се негираат Уставните и законските одредби за чување на лични податоци.

Член 18 од Уставот на Македонија:

Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци. На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците - напиша Најчевска на социјалните мрежи. 

Потоа додаде дека „мора да постои законска одредба со која ќе се даде можност извршителите да добијат достап до личните податоци (со која ќе се даде гаранција против злоупотреба, начин на чување, основа за пристап, ...)'. 

Најчевска укажува дека не може со меморандум за разбирање да се заменуваат законите. Затоа што меморандумите за разбирање не ја поминуваат демократската процедура на донесување, туку се едноставно парчиња хартија за добра воља без никаква правна заштита.

- Достапот на извршителите до личните податоци е посебно проблематично од аспект на законската регулатива за извршување во Македонија, каде што извршувањето не е поврзано само со судска одлука.

Можеби утре лекарите ќе си склучат со новинарите меморандум за разбирање и ќе ги даваат личните податоци на пациентите?

И немој да мачкате очи. Ова е само за зајакнување на извршителите и натамошно неограничено и неконтролирано пљачкање на граѓаните - укажа на крајот професорката Најчевска.

Еве ја нејзината објава:



Слично

Поврзани вести