Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како текстилните компании може да заштедат и да ја заштитат животната средина со помош 3Д дизајнот

Како текстилните компании може да заштедат и да ја заштитат животната средина со помош 3Д дизајнот

Со околу 35.000 вработени, што е 5% од вкупниот број вработени, текстилната индустрија е еден од најголемите сектори во земјава. Со новите технологии, дигитализацијата и трансформацијата на работните процеси, главно насочени кон вложување во човечкиот капитал можностите за развој на оваа гранка би биле неограничени, сметаат експертите.

Во својата анализа за овој сектор, направена за УНДП, професорт Игор Јорданов од Технолошко металуршкиот факултет од Скопје пишува дека една од најголемите слабости на текстилната индустрија во земјава е тоа што 95% од  производството е според ЛОН системот. Исто така, има ниска продуктивност, ниски инвестиции во нова технологија, проблеми за регрутирање нови работници, а нема интерес кај младата популација да работи во оваа индустрија. Постои и лоша слика во општеството за работата во овој сектор. Според неговата анализа, пак, најголемите предности се  што индустријата е извозно ориентирана, брзо одговара на пазарот на ЕУ, има флексибилно производство, како и способност да се задоволат сите барања на пазарот на ЕУ.
„Бидејќи има ограничени инвестиции на компаниите во технологијата, потребно е да се обезбедат информации за технологијата и нејзините придобивки, да се даде поддршка за саеми и изложби, а и да се помогне пристапот до заеми/грантови“, пишува Јорданов во анализата.

Кога се во прашање работниците од текстилната индустрија, следните чекори треба да бидат насочени кон нивна дообука и преквалификација за новите профили и занимања кои заедно со инвестициите во технологијата може да донесат поголема продуктивност, но и заштеда.
Според анализата направена за УНДП, Јорданов пишува дека системот ЛОН треба да се префрли на целосен пакет што е можно поскоро. „Дополнителните инвестиции во автомати, CAD/CAM, дигитализација и роботизација ќе ја зголемат продуктивноста и ќе ја променат сликата за индустријата во модерен и атрактивен сектор за младите. За да се постигне оваа трансформација, на овој сектор итно му требаат финансиска поддршка од Владата во кредитни линии со ниска каматна стапка, помош во обуката на сегашните вработени и новите работници со нови вештини кои ќе се создадат како резултат на трансформација на системот на производство и инвестиции во нова технологија“, пишува во анализата.

За тоа како компаниите може да ги искористат новите технологии и дигитализацијата, најдобро знае модниот дизајнер и костимограф, Никола Булески, Буле. Тој ќе држи обуки во првиот Центар за нови вештини „#SkillsNext“ кој минатата недела се отвори при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На модерно опремена површина од 350m2, Центарот за нови вештини е инспиративен и инклузивен простор за испорачување најнови знаења и информации за специфичните индустрии и технологии во нашата држава. Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работна силата сила од сегашноста и иднината.

Интересот на професилците во текстилната индустрија, покрај другите иновации, во последно време е фокусиран и на новите технологии поддржани од најновите софтверски решенија во 3Д дизајнирањето и моделирањето. Оваа напредна технолошка метода во работењето има многу предности.

Булевски вели дека предизвиците на текстилната индустрија поврзани со
3Д дизајнот и моделирањето се големи, но можностите се неограничени. Затоа, многу е важно што повеќе компании, но и професионалци да се вклучат во дигитализацијата, како и да поработат на трансформација на работните процеси.

- 3Д дизајнот може да има широка примена во текстилната индустрија во самиот процес на дизајнирање и развој на производи како и во олеснување на процесите на конструкција при производство на прототипови – вели тој.
Објаснува и зошто е потребен овој софтвер во индустријата кај нас.

- Со оглед на тоа што овој софтвер помага при намалување на трошоците при изготвување на прототиповите, и те како е потребен во нашите текстилни компании. Просечно треба да се изработат од 3 до 5 примероци од секој производ пред истиот да се пушти во производство. Со користењето на 3Д дизајн софтверот и употребата на аватарите, кои ни овозможуваат да добиеме информации за новиот производ што го дизајнираме, бројот на прототипови пред производство се намалува на 1 до 2. Со тоа се штеди на материјал, работни часови и работна сила. Со ова се намалува цената на чинење на развој на производ и се забрзуваат производствените процеси. Со намалувањето на  потрошувачката на материјал за изработка, автоматски се намалува и создавањето на ѓубре, водејќи грижа за животната средина – посочува Булески.

Како еден од обучувачите во новиот Центар, вели дека тој треба да создаде кадар кој во блиска иднина ќе и стои на располагање на индустријата.
 Ана Јакимовска, Моден дизајнер, економист и лидер на Fashion Revolution Macedonia, ја посетио буката за 3Д моделирање, и вели дека била многу корисна и дошла во вистински момент.
-  3Д дизајнот инкорпориран во производните компании и кај дизајнерите истовремено, подразбира сигурен иден напредок во одржливоста, ефикасноста и ефективноста при секој чекор од изработка на нови производни линии – вели таа.

Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk
 која ќе претставува главна точка за информирање и учење. Во моментот, актуелeн e  јавниот повик до заинтересирани понудувачи на услуги кои организираат обуки за Basic Browzwear VSTITCHER 3D Design software training..

Овој повик го објавува Future Skills Center- Skills Next, Универзитетот на Југоисточна Европа и програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“,со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Слично

Поврзани вести