Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како тече гласањето на болните и затворениците?

Како тече гласањето на болните и затворениците?

Во најдобар ред тече гласањето денеска меѓу затворениците и болните  лица кои гласаат во домашни услови. 

Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи засега се одвива добро и без проблеми, информираше попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучевска.

Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот.

На ден пред изборите се гласа во 13 казнено-поравни установи каде право на глас имаат 1.882 гласачи. Своето гласачко право денеска ќе го искористат 5.025 болни и изнемоштени лица, како и лица во куќен притвор. Денеска гласаат и девет внатрешно раселени лица

Локалните избори утре ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 гласачи. 

Слично

Поврзани вести