Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО СТРУГА НЕМА ДРУГА: Црн Дрим стана Син Дрим

КАКО СТРУГА НЕМА ДРУГА: Црн Дрим стана Син Дрим

Реката Црн Дрим во Струга се претвори во Син Дрим, но не сите граѓани се задоволни со оваа естетска промена. 

Во вторникот, коритото на реката светна во сина боја, а од локалната самоуправа објаснуваат дека тоа е во рамки на проектот за осветлување на користото од реката.

„Осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет (се губи чуството за ден и ноќ). Дополнителното осветлување го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чуство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење“, пишува Кирил Пржо на Фејсбук.

Дел од граѓаните предупредуваат дека осветлувањето е штетно. 

фото Општина Струга

Слично

Поврзани вести