Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО СНИМАЊЕТО НА ПРОТЕСТ СО ДРОН ОД 249 ГРАМА, ПРЕТСТАВУВА РИЗИК ЗА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ? Салиу со прашање до властите

КАКО СНИМАЊЕТО НА ПРОТЕСТ СО ДРОН ОД 249 ГРАМА, ПРЕТСТАВУВА РИЗИК ЗА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ? Салиу со прашање до властите

Откако вчера на информативен разговор беа повикани новинари заради тоа што мирниот собир го снимале со дрон, се огласи новинарот Фуркан Салиу.

„Како снимањето на протест со дрон од 249 грама претставува ризик за националната безбедност?

Зошто толкава паника?

Никој не сака да ви ја одземе власта.

Народот што вечерва протестираше е истиот оној што ве гласаше со огромно мнозинство. Тој народ не бара да ја предадете власта – само бара таа огромна моќ што ја имате да ја искористите за вистински промени.

Што е следно? Кој новинар ќе биде уапсен и прогласен за закана по националната безбедност?“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести