Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како СЈО ќе го зајакне својот капацитет?

Како СЈО ќе го зајакне својот капацитет?

Од СЈО најавуваат нов проект кој треба да ги зголеми капацитетите на обвинителството специјализирано за водење на предмети од „бомбите“, односно од прислушуваните разговори.

Заедно за одговорност: Поддршка на Специјалното јавно обвинителство на Македонија во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка, е целта на проектот што ќе се спроведува во Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Целта на проектот е поддршка на Специјалното јавно обвинителство во неговиот мандат за истраги и гонење преку развивање на неговите оперативни капацитети за ефективно водење на истраги и гонење, зајакнување на неговите капацитети за меѓународна правна соработка.

СЈО веќе води десетина обвиненија пред кривичниот суд во кој се инволвирани највисоки поранешни владини функционери, но за проширување на мандатот и надлежностите засега нема целосна политичка волја, туку ќе се чека на реализација на посебни законски мерки како на пример нов закон за заштита на сведоци.

Слично

Поврзани вести