Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО СЕ СЛУЧИЛА НЕСРЕЌАТА: Ударот во воз кај Ногаевци кобен по животот на младо момче

КАКО СЕ СЛУЧИЛА НЕСРЕЌАТА: Ударот во воз кај Ногаевци кобен по животот на младо момче

Тргнале на дијализа но не стигнаа. Тешка сообраќајна несреќа кај велешко Ногаевци заврши кобно по животот на 24 годишно момче кое заедно со уште четворица патувало кон велешката болница на дијализа, откако возилото удрило во воз.

Увидот направен на лице место од екипите на железници покажува дека во функција била и светлосната сигнализација но и звучната кога товарниот воз во моментот на доаѓањето, а како возилото удрило во него и дали шеферот направил лоша пресметка засега не е јасно.

Од МВР за несреќата велат дека таа се случила 10 минути по 12 часот напладне.

Возот во кој удрил автомобил форд галакси , сообраќај на релацијата Трубарево – Градско а несреќата се случила меѓу железничките станици Згрополци и Градско на стојалиштето кај село Ногаевци .

Телото на починатото момче е предадено на обдукција.

Слично

Поврзани вести