Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како се случил сударот на автобусот и возот?

Како се случил сударот на автобусот и возот?
Автобусот на „Струмица експрес“ се обидел да ја премине железничката пруга на патот Штип-Велес и покрај тоа што била вклучена сигнализацијата дека наближува воз, сведочат патниците. Ова најверојатно е причина за несреќата во која утрово се повредени 36 лица, од кои три потешко. Дел од патниците тврдат дека автомобил претходно ја заобиколил спуштената рампа на пругата, па шоферот на автобусот се обидел да го направи истото. Истрагата за несреќата сеуште е во тек. Трите потешко повредени лица се префрлени на клиниките во Скопје, додека останатите се хоспитализирани во болниците во Штип и Велес.
Слично

Поврзани вести