Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како правилно да изберете снабдувач со струја?

Како правилно да изберете снабдувач со струја?

Се очекува на почетокот на идната година сите домаќинства (статистички околу 400.000) во земјава да добијат право да изберат снабдувач со струја како што бираме провајдер за интернет или за мобилна телефонија. РКЕ се амбицира и најави дека ќе изработи веб сајт што ќе им помогне на граѓаните правилно да изберат

Регулаторната комисија за енегетика ќе постави веб сајт на кој ќе овозможи домаќинствата да можат да ги споредат цените што ќе им ги нудат снабдувачите со струја пред да одберат провајдер на своите услуги. Целта на овој проект што е подржан од Асоцијацијата на национални регулатори НАРУЦ (National Association of Regulatory Utility Commissions) е да се зголеми информираноста  на потрошувачите кои немаат искуство со избор на снабдувач со електрична енергија. Ова го објави Регулаторната комисија за енергетика. 
Интернет сајто всушност ќе биде алатка за споредба на цени која ќе биде наменета за потрошувачите на пазарот на мало со електрична енергија во земјава.

Ваков тип на интернет алатка веќе е развиен во Босна и Херцеговина, проектот е регионален и е поддржан од УСАИД (Американската државна агенција за меѓународен развој). Оваа интернет апликација е поставена на веб адресата http://uporedistruju.ba

Во соопштението на РКЕ во образложението го пишува следново: Алатката за споредба на цени, односно понуди од страна на снабдувачите со електрична енергија, ќе биде наменета пред се за домаќинствата и малите потрошувачи на пазарот на мало со електрична енергија, кои во зависност од своите карактеристики на потрошувачка и други преференции ќе добијат соодветни и релевантни информации и ќе можат да направат споредба на понудите. Со тоа, на домаќинствата и малите потрошувачи ќе им се помогне да донесат најсоодветна одлука при изборот на снабдувач со електрична енергија. Покрај понудите од комерцијалните нерегулирани снабдувачи со електрична енергија, алатката ќе ги вклучува и понудите од страна на универзалниот снабдувач со електрична енергија и снабдувачот во краен случај со електрична енергија, кои и во иднина ќе имаат статус на регулирана енергетска дејност. Во процесот на изработка на оваа алатка ќе бидат вклучени снабдувачите со електрична енергија и операторот на дистрибутивниот систем, со што ќе се овозможи во најголема можна мерка да се направат најсоодветни прилагодувања кои ќе ги имаат во предвид актуелните состојби и карактеристики на пазарот на мало со електрична енергија во државата, како и очекуваните идни трендови и движења, особено во сегментот на поголема промоција и искористеност на електричната енергија од обновливи извори.

Од РКЕ објаснуваат дека оваа интернет алатка ќе се изработува во тек на годинава,а планот е да биде фукнционална до почетокот на идната година кога , неофицијално, и се планира за настане целосна либерализација на пазарот за електрична енергија во Република Македонија што значи дека повеќе од 200.000 домаќинства ќе можат да одберат снабдувач со струја кој ќе им нуди пазарни цени за потрошеното наспроти снабдувачот во краен случај и универзалниот снабдувач чии цени и понатаму ќе ги иутврдува Регулаторната комисија за енергетика. 
Соопштението на РКЕ може да го превземете на следниот линк.

Слично

Поврзани вести