Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како помина разговорот меѓу Заев и Румен Радев?

Како помина разговорот меѓу Заев и Румен Радев?

Jасната европска перспектива на Македонија е од големо значење за Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ, се согласија премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев. 

Заев на средбата изјави дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.

Истакнато е дека посетата на делегацијата на Владата на Македонија во Бугарија на највисоко ниво е од исклучителна важност и се случува во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Заев се сретна и со бугарскиот колега Стефан Јанев.  Инаку, по денешната средба, премиерот Зоран Заев изјави дека денеска со Јанев разговарале за билатералните односи и имале пријатен разговор со премиерот Јанев. 

Според него, наша обврска е да работиме и да пронајдеме решение.

Слично

Поврзани вести