Како помина гласањето на болните лица и затворениците?
Гласачкото право вчера го искористија и болните и изнемоштени лица, а од ДИК велат дека гласањето поминало без проблеми.
ДИК вчера ги отвори 13-те гласачки места во Казнено поправните установи, каде право на глас има околу 1882 осуденици. Гласачкото право го искористија и болните и изнемоштени лица кои се повеќе од 5000, како и 9 внатрешно раселени лица.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави дека овие локални избори се многу важни за иднината на Македонија. Тој во интервју за МИА изјави дека оваа година имало многу помалку пријавени болни и немоќни за гласање, што го препишува или на новиот Правилник или на различниот приод на граѓаните.
Слично
