КАКО ПОЧИНАА СОПРУЖНИЦИТЕ ОД ТАБАНОВЦЕ: Имаат повреди, ќе се прави обдукција
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид во семејната куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. За да се утврдат причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.
ПОлицијата претходно извести за трагиниот настан.
„Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од селоТабановце, соопштија од МВР.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Слично
