КАКО ПО УЧЕБНИК: Запалено возилото на напаѓачот на Штекли
Пронајдено е запалено возило во Сарај, за кое се верува дека било користено од напаѓачпт кој пукаше во Раде Трајковски - Штекли и неговиот придружувач во Ист Гејт Мол, дознава „Слободен Печат“.
Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице беа тешко повредени, откако беа погодени со неколку куршуми. Напаѓачот се уште не е познат за полицијата, иако беше снимен од безбедносните камери на шопинг центарот. Лицето кое пукаше кон повредените моменти пред обидот за ликвидација на Штекли седел во обложувачница во трговскиот центар и воопшто не се криел.
Претходно, според „КОД“, напаѓачот излегол пешки од трговскиот центар, а автомобил за бегство, црно „ауди“ без таблички го чекал на булеварот кај зградата на општина Гази Баба, преку булеварот „Александар Македонски“.
