Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО: со закани барале 80 илјади евра, па му го запалиле автомобилот

КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО: со закани барале 80 илјади евра, па му го запалиле автомобилот

Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1:15 часот, пријавил во СВР Скопје дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР), утрово, во 00:40 часот неговиот сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Фото: Фактор/Архива

Слично

Поврзани вести