Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како партиите го прокоментираа говорот на Иванов?

Како партиите го прокоментираа говорот на Иванов?

Опозицијата вели дека говорот на претседателот, Ѓорѓе Иванов бил конзистентен и политички зрел. За власта, истиот говор бил полн со омраза и лаги и уште еднаш ја потврдил улогата на Иванов како антизападен и антинароден елемент.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека говорот на првиот човек на државата дава одлика на конзистентен политичар кој ја почитува волјата на граѓаните. 

“Она што посебно загрижува и денеска за прв пат го слушнавме во историјата на РМ од еден претседател на државата дека тој и неговите соработници, имаат сознанија дека врз основа на усна наредба УБК ги следи комуникациите на претседателот, неговите соработници и неговите блиски соработници. Доколку е ова вистина, може да се смета како еден голем минус кој создава правна и политичка несигурност, не само за претседателот туку и за секој граѓанин, кој би можел да биде следниот кој врз основа на усна наредба би можел да биде следен”, изјави Милошоски.

Од власта велат дека обраќањето на Иванов имало една добра и една позната вест. Добрата вест е што Иванов си оди, а познатата е тоа што и во ова обраќање ја потврди неговата улога на антизападен и антинароден елемент, последен остаток од криминалниот режим на Никола Груевски, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

„Со своите дела и недела, повеќе со неделата се надмина и себеси и бруталнно ја наруши волјата на граѓаните и уставот на Македонија“, изјави Артан Груби од ДУИ.

На обраќањето на Иванов присуствуваше и премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а пратениците од ДУИ ниту на овогодишното обраќање не беа присутни во собраниската сала.

Иванов ги повика пратениците да го отфрлат Договорот од Преспа и да не ги подржат уставните измени. Цената на решавање на спорот со Грција е правно и историско поништување на македонскиот народ, вели Иванов. Се осврна и на Договорот со Бугарија за кој тврди дека се деконструира нашата историја, а со Тиранската платформа се прави обид за демонтирање на државата.

Иванов кажа дека имало закани кон него и неговото семејство, а обвини дека УБК го следело.

Слично

Поврзани вести