КАКО ОПШТИНА И ДРЖАВАТА ИМАМЕ ДОЛЖНОСТ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ: градоначалникот Крставски бара побрза реакција од Владата
Градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски со видео обраќање на социјалните мрежи побара забрзана институционална реакција поради потребите на Кочани за побрзо ставање во употреба на градинка во која според него треба да бидат згрижени над 100 деца.
Како што кажува градоначалникот градинката е целосно завршена, но поради технички проблеми било одложено отворањето, но сето тоа е отстрането и се чека одобрување од Министерството за финансии. Затоа тој апелира на побрз средба со министерката, за која веќе побарал уште пред две недели да се сретнат, но нема одговор.
Тој укажа дека ако се влезе во предизборен период, нема да смее да се отвори градинката и апелира што побрзо да се добијат согласностите да се отоври градинката и да им се помогне на сите граѓани во општината, но особено на повредени родители, или родители кои останале сами во трагедијата, за да можат децата да се згрижат.
- Премиерот најави проект 2030 година, браво, се надевам ќе биде реализран. Но, зборувам за Кочани 2025 година, за еден месец може да биде отворена градинка, и не смееме да дозволиме политички препукувања таа да остане неотворена. Апелирам до премиерот и до министерката за финансии, што побрзо да бидат изработени тие одобренија, бидејќи на граѓаните на Кочани таа им е многу неопходна - истакна градоначалникот во видеото.
Слушнете и сами.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
