Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како онлајн медиумите да пронајдат успешен бизнис модел?

Како онлајн медиумите да пронајдат успешен бизнис модел?

Печатените изданија и електронски медиуми во Европа инвестираат во различни иницијативи за ширење на вести онлајн, во обид да стигнат до нови читатели и да изградат поинаков бизнис модел. Но повеќето идеи продолжуваат да доаѓаат од традиционалната работа на печатот, телевизиите и радио станиците, иако изминаа 20 години од почетокот на овој процес. Ова го тврди новиот извештај на „Reuters Institute“ насловен „Приватните медиуми и дигиталните вести“.

Во него Алесио Сорниа, Аника Сел и Расмусен Клис Нилсен анализираат 25 новински компании во 6 европски држави. Целта им е да се разбере како овие медиуми се прилагодуваат кон бизнисот на онлајн медиумите, подемот на социјалните мрежи како извор на информации, зголемувањето на бројот на корисници во мобилни уреди и колку е важно претставувањето на вести преку видео материјали.

Нилсен, кој е директор на истражувањата во „Reuters Institute“, вели дека традиционалните медиуми вложуваат значителни средства во експериментирање со нови формати и платформи, иако се обвинувани во конзерватизам и претпазливост.

- Експериментирањето е апсолутно неопходно, но исто така е и скапо и со несигурни резултати. Бидејќи приходите од дигитални платформи се уште се ограничени, финансирањето на овие експерименти доаѓа од заедничко субвенционирање од различни сектори или од средства, ослободени при кратења во новинската организација. Тоа значи дека тие се принудени за балансирање меѓу тоа да продолжуваат да користат традиционални бизнис модели и да истражуваат нови можности. 

Заклучоци

Екипата имала интервјуа со 54 раководители и уредници од Финска, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија. Во разговорите се бара одбележувањето на трите водечки предизвици за рекламирање на интернет, кое сеуште е главен извор на приходи на онлајн изданијата. Заклучокот е дека тоа се:

- Растечката доминација на големите американски технолошки компании, способни да продаваат на значително пообемни публики, да ги фокусираат рекламите на соодветните корисници и да понудат пониски промотивни тарифи од оние на одделните медиумски компании;

- Помали (наспроти традиционалниот модел) приходи од еден читател / гледач / слушател особено при користењето преку мобилни уреди;

- Растечки број на корисници кои ставаат блокатори на рекламите.

Потребата од нови бизнис модели за поддршка на новинарството расте поради комбинацијата од два процеса - зголемениот притисок врз приходите од реклами во традиционални печатени и електронски медиуми, од една страна, и предизвиците на пазарот за онлајн реклами.

Алтернативи

Извештајот на истражувачите од „Reuters“ наведува барем три алтернативи со кои се експериментира:

- Придонес на содржина надвор од основната дејност на конкретниот бренд, нови производи врз основа на различно пакување на иста содржина и фрагментација на содржината во различни нови секции на сајтовите насочени кон специфични публики;

- Инвестирање во рекламирањето на сопствени проекти и статии, како и на брендирани потфати; тоа овозможува редакциите да го искористат талентот на своите новинари во конкуренција со големите технолошки компании за ширење на содржина;

- Диверзификација на стратегиите со навлегување во секторите на трговија, услугите „business-to-business services“ и активности надвор од дигиталниот простор, како што се организирање на конференции, кампањи и продажба на производи со брендот на медиумот.

Во сето ова, весниците се далеку поактивни од телевизиите. Главната причина е дека кај нив падот на приходите од традиционални реклами е значително поголем, што значи и императив е изнаоѓање на модел за преминување кон бизнис модели за онлајн активност, вели Алесио Корниа. 

Овде има една карактеристика - за комерцијалните телевизии вестите се многу мал дел од целиот нивни бизнис и поради тоа не се чувствуваат под таков сериозен притисок како весниците, на кои исклучителна мисија им е да шират информации.


Слично

Поврзани вести