Како новиот министер ќе ја намалува најболната тема во здравството - смртноста кај новороденчињата?
Вчера од Охрид тазе министерот за здравство ја соопшти стратегијата со која ќе ја намалува смртноста кај новороденчињата.
Имено, Венко Филипче посочи дека моментално се изготвува Стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата која е во оодмината фаза.
„Се водат интензивни разговори со лекарите во педијатриската служба, во службите за интензивна нега на клиниките за педијатрија и гинекологија а вклучени се и странски организации под капата на Обединетите нации кои нудат експертиза. Формирана е и рамка за тренинг на кадарот за надминување на проблемот, како и планови за структурни промени во рамки на интензивната нега на гинеколошката клиника, во делот каде се лоцирани проблеми“, изјави Филипче кој од Охрид нагласи дека ќе продолжи изградбата на новата болничка зграда во болницата „Св Еразмо“.
Оттаму,министерот соопшти дека ќе се реши и проблемот со инсулинот и неговата набавка при што ќе се најде елиминација на ризик од дефицит со обезбедување поголеми количества.
