„Како може демократска процедура како интерпелацијата да е напад врз институциите“: Најчевска со контрааргументи против ставот на Вреди
По реакциите од коалицијата „Вреди“ за иницијативата за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, остра реакција и од професорката Мирјана Најчевска, која нивните реакции ги нарече напад врз демократските институции и владеењето на правото.
- Како може регуларна демократска процедура како што е интерпелацијата да биде напад врз државните институции и да е против евроатлантската интеграција?
Таа дополни дека „ваквиот директен напад на институт кој е предвиден и гарантиран со Уставот на Македонија (член 72 од Уставот) е директен акт на повикување на противуставно делување и само чекор од насилно рушење на уставниот поредок.
Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција - нагласи Најчевска во својата објава:
