Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како „Макошпед“ го дуплира приходот и оперативната добивка?

Како „Макошпед“ го дуплира приходот и оперативната добивка?

Малата шпедиција со голем – џиновски исчекор: приходите во корона услови се речиси дуплирани во споредба со истиот период лани. Многу е важно тоа што друштвото има раст на приходите на странски пазари и тоа за 46 пати повеќе од лани. Добивката е 186.000 евра што е 13 отсто од приходите од продажба

Малата шпедиција „Макошпед“ во ограничувањата на мобилноста наметнати од корона кризата бележи феноменални финансиски резултати. За првите девет месеци годинава оваа компанија има приходи безмалку дуплирани во споредба со истиот период лани.

„Макошпед“ за девет месеци годинава има приходи од продажба на услуги кои изнесуваат речиси 1,5 милиони евра. Тоа е за 91 отсто подобар резултат од лани. Во структурата на приходите од продажба позначајно место имаа домашната продажба со 1,2 милиони евра и тука има се книжи раст од 58 отсто во споредба со истиот период лани. „Детска радост“ за акционерите во „Макошпед“ е веста дека приходите од продажба на услуги на странските пазари се за 46 пати поголеми од истиот период лани! Лани до крај на септември изнесувале 5.640 евра, а годинава се поголеми од 261.000 евра.

Оперативните расходи на друштвото се зголемени за 91 отсто во споредба со лани (ист процентуален раст како и приходите н.з.). Тие изнесуваат 1,4 милиони евра. Изненадувачки висок е растот на трошоците за набавка на трговски стоки на оваа компанија. Имено, тој трошок за првите девет месеци е 1,06 милиони евра, а лани бил нешто над 200.000 евра Тоа е зголемување за 5 пати во споредба со лани. Другите три трошковни ставки се намалуваат: трошоците за вработените, останатите трошоци од работењето и амортизацијата.

И со таква состојба на расходите оперативната добивка на друштвото е 150.000 евра и тоа е за 86.000 евра повеќе од истиот период лани односно 2,3 пати повеќе.

Друштвото има финансиски приходи поголеми од 80.000 евра , кои иако тројно помали од лани, се одлични затоа што нема речиси никакви финансиски расходи.

Нето добивката изнесува 186.000 евра и е 29 отсто пониска од лани. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести