КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ НА ЕВРОПСКИОТ ВРВ СПОРЕД ПОЧИНАТИ ОД КОВИД - зад нас се Црна Гора и Русија
Земјава доживеа да се најде на прво место според бројот на починати лица од Ковид 19.
Изминативе две недели ја искачија Македонија на самиот врв по бројот на починати од овој вирус според процентот на население.
Инаку, ова рангирање е објавено на профилот Ковид Дата Чек кој објавува статистики за различни параметри поврзани со ковид-19.
Според статистиката, на 100.000 жители во Македонија за 14 дена починале 16,4 луѓе во последниве две недели.
Веднаш зад нас со најлош скор е Црна Гора со 11,6 и Русија со 7,6 починати.
Топ 10 највисоки стапки на смртност од ковид (на 100.000) во Европа (17 август – 30 август)
Македонија 16.4
Црна Гора 11.6
Русија 7.6
Бугарија 6,7
Грција 3.8
Кипар 3.3
Шпанија 2.8
Литванија 2.8
Босна и Херцеговина 2.5
Велика Британија 2.2
