Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како мајките што беа отпуштени да најдат работа ако нивните деца не можат во градинка

Како мајките што беа отпуштени да најдат работа ако нивните деца не можат во градинка

Откако властите донесоа одлука градинките да се отворат во среда, но не за сите деца како и досега, револтирано реагираат мајки кои поради економската криза предизвикана од ковид 19 ги изгубиле работните места, но сега нема да можат своите деца да ги носат во градинка. 

Овие мајки велат дека редовно ги плаќале сметките за градинка за нивните деца секој месец. 

„На почетокот на пандемијата со Корона вирусот, поради кризата останав без работа. Претходно моите две деца одеа во градинка. Изминатите 6 месеци уредно ги плаќаме трошоците за местата во градинката. Бидејќи сега сум невработена, моите деца не се во приоритетите во среда повторно да бидат згрижени бидејќи во установата според новите протоколи бил исполнет капацитетот со деца чии родители работат. Како можам да најдам работа кога нема кој да ми ги чува децата. И зошто на ваков начин не дискриминираат, а не по наша вина сме без работа“, се обратила до телевизијата Сител револтирана граѓанка. 

А од ресорот а труд и социјала со кој сега министерива Јагода Шахпаска велат дека приоритет со реотворањето на градинките ќе имаат самохрани и родители кои работните обврски не можат да ги извршуваат од дома. 

„Немаме податок за некој екстремен недостаток за сместување на деца, тоа се само неколку исклучоци, изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.

Поради корона кризата во последниве неколку месеци без работа останаа околу 28 илјади лица, податок кој е потврден и од Агенцијата за вработување.

Слично

Поврзани вести