Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе се надминат разликите со Грците околу учебниците?

Како ќе се надминат разликите со Грците околу учебниците?

Има приближување на позициите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти меѓу Македонија и Грција во делот на стратегијата за надминување на разликите околу учебниците.

Ова е заклучокот од последната средба на работните групи која се одржа на 22 и 23 месецoв, информираше денеска амбасадорот и копретседател на македонскиот дел на комитетот, Виктор Габер. Содржината на учебниците во двете земји ќе се прави според стандардите на Советот на ЕУ и УНЕСКО, а досега разгледувани зе учебниците по историја и географија за основно училиште, но и учебниците за етика и социологија. Ќе треба да се „испеглаат“ деловите од учебниците кои содржат иредентизам и за двете страни.

„Атмосферата беше колегијална, конструктивна, се работи за два концепта кои треба да се усогласат, бидејќи се работи за два образовни система кои со години се граделе и си имаат своја историја, а треба да имаат заедничка иднина“, рече Габер.

Тој додава дека во учебниците треба да се избегнува она што претставува анимозитет, непријатност. 

Ќе се разгледува и присуството на Граѓанската војна во грчките учебници. 

На втората средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти формиран во согласност со Договорот од Преспа, постигната е согласност за интензивирање на активностите. Наредниот состанок ќе се одржи на 12 и 13 април во Атина.

На почетокот на ноември во Солун беше одржана првата средба, на која двете страни го усвоија Деловникот за работа и се согласија за динамиката на идните состаноци.

Слично

Поврзани вести