Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

На комисијата во Собранието за трагедијата во Кочани денеска имаше прашања до премиерот Христијан Мицкоски и државниот врв како тие би се однесувале доколку би се нашле  во една таква ситуација, но и кој ќе понесе одговорност за пожарот во дискотеката „Пулс“. 

Вакви прашања упатија родителите. 

„Како не ви е срам да се препукувате пред родителите уште пред да почне седницата? Родителите чекаат девет месеци, вие барате еден час пауза“, рече коосновачот на иницијативата „Супорт Кочани“ Иван Ивановски. 

Ова беше реакција на барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за час пауза на почетокот на седницата на собраниската Постојана анкетна комисија, на која денеска се расправаше по претставката од Здружението на граѓани „16 март 2025“, познато и како Здружение на родителите на загинатите деца пожарот во диското „Пулс“ во Кочани.

На почеткот на седницата, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска почна да го критикува претседателот на Комисијата Димитар Апасиев. 

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, попладнево ја прекина седницата на Комисијата, на чиј дневен ред беше претставката поднесена од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ – познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“.

Апасиев посочи дека продолжението на седницата, на кое се очекува усвојување на заклучоци, дополнително ќе биде закажано.

На 19 минатиот месец во Идризово почна судењето за пожарот.

На 16 март годинава во пожарот загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени.

Слично

Поврзани вести