Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ЌЕ ЈА ИСПРАТИМЕ 2018: Кој ќе крева еуфорија на скопскиот плоштад за Нова година

КАКО ЌЕ ЈА ИСПРАТИМЕ 2018: Кој ќе крева еуфорија на скопскиот плоштад за Нова година

Новата година ни тропа на врата а граѓаните се подготвуваат да ја испратат старата.

Главниот скопски плоштад и годинава ќе биде изборот на многумина кои наместо во кафеана, кафич или дискотека ќе се упатат таму.

Еуфоријата засега не е на високо ниво. Дел од граѓаните во метрополата велат дека 2019-та ќе ја дочекаат скромно во домовите со најблиските.

Оние кои ќе решат да протегнат нозе до Центарот на Скопје ќе може да уживаат во музиката на македонски пејачи, диџеи и косовска група. Главни на Новогодишната ноќ ќе бидат Парни ваљак кои ќе треба да го качат еуфоричното ниво до максимум.

Од 15 декември на Плоштадот Македонија во Скопје се одржува речиси секоја вечер предновогодишна која содржи детски претстави, настапи на улични изведувачи, како и настапи на голем број македонски пејачи.

Слично

Поврзани вести