Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

Почитувајте се и вие себе си. Како ќе гласате е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА работа.
Ова го напиша претседателската кандидатка од партијата „Левица“, професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.
Професорката посочи дека е некоректно нејзиното име и наводното лично пријателство да се споменува во мое отсуство. (Тоа што Силјановска ми ја споменуваше починатата мајка во кампања нема да можам да ѝ го простам).

- Гласовите што ги добив беа добиени НЕ ЗАРАДИ ПРИЈАТЕЛСТВО со гласачите туку поради идеолошки и политички причини. Затоа, која сум јас да подарувам гласови на (наводна) пријателка?! Тоа се вика кронизам и фаворити знам, а јас тоа никогаш не би го направила.

Гордана Силјановска од пред 10 години не е истата од денес. Таа излезе со десничарска платформа, јас со левичарска. Таа е за НАТО, јас сум антимилитарист. Таа со Урсула и го обожава Макрон, јас сум со Клер и Варуфакис.

Ги поздравувам сите кои ми искажаа доверба и нека си гласаат согласно својата совест и убедувања. Јас ве почитувам. Почитувајте се и вие себе си. Како ќе гласате е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА работа.

А дали јас ќе бидам пријателка со некого или не, претставува дел на мојот интимен живот, а не на политичкиот - напиша Ванковска на Фејсбук. 

Еве ја нејзината објава:

 

Слично

Поврзани вести