Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како хрватски активист се претвори во државен непријател на Македонија?

Како хрватски активист се претвори во државен непријател на Македонија?

Марко Греговиќ од Хрватска, стручњак за онлајн кампањи и активист, на својот Фејсбук профил иронично објави дека сега има нова животна мисија: станал професионален револуционер и државен непријател. 

Тој вели дека инбоксот му е полн со навреди и закани откако во една македонската ТВ емисија бил претставен како комбинација од Че Гевара и Џејмс Бонд, како шпион во мисија за создавање револуции во Украина, Романија, Србија и Македонија.

Овие незгодни квалификации и јавни објави дека е државен непријател поврзан со британската тајна служба ги заслужи со посетата на Скопје на која одржал предавање за предностите и начините на развивање „crowdfunding“, кампањи, пишува Јутарњи лист.

Во Македонија бил пред еден месец на повик на невладината Lead и говорел за тоа како е корисно за невладините организации преку кампањи да се обидат да соберат финансиски средства кои ќе ги употребат за одредена цел од јавен карактер.

„Каква чест“, се шегува Марко Греговиќ и вели дека прозивиките и инсинуациите можеби звучат како шега, лоша шега, но признава дека „веројатно со такви конструкции кои може да ти го загорчат животот не би му било сеедно да живее во Македонија“.

Слично

Поврзани вести