Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Христо Атанасов и Неџби Хасан сакале да избегаат преку солунскиот аеродром

Како Христо Атанасов и Неџби Хасан сакале да избегаат преку солунскиот аеродром

Поранешниот началник на петта управа Горан Грујeвски сакал да ја напушти Грција со бугaрски фалсификуван пасош на име Христо Атанасов, а неговиот сопатник Никола Бошковски имал пасош во кој е именуван како Неџби Хасан. 

Двајцата вчера попладне го привлекле вниманието на пасошката контрола на солунскиот аеродром. Ги препознале од меѓународната потерница на Интерпол, и веднаш се уапсени. 

Македонија и Грција немаат посебен договор за екстрадиција, но Министерството за правда согласно меѓународната конвенција за екстрадиција треба да ја собере документацијата од судовите за предметите „Таргет Тврдина“ и „Тврдина 2“ во кои Грујевски и Бошковски се обвинети за прислушувањето и уништување на сите докази поврзани со незаконското следење на комуникациите и да ја прати до  Министерство за правда во соседна Грција.

Двајцата избегаа на 18 јули, откако Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација дека треба да одат во притвор додека трае постапката против нив.

Читајте уште

Каде ќе бидат притворени Грујевски и Бошковски?

Слично

Поврзани вести