Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАКО ХИЕНИ НАГРНАЛЕ НА СКОПЈЕ ОД СИТЕ СТРАНИ“: Ивановска остро за можните планови за изградба на згради на кејот на Вардар во Карпош

„КАКО ХИЕНИ НАГРНАЛЕ НА СКОПЈЕ ОД СИТЕ СТРАНИ“: Ивановска остро за можните планови за изградба на згради на кејот на Вардар во Карпош

Како хиени нагрнале на Скопје од сите страни. 

Ова го напиша поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска, која беше и кандидатка за градоначалничка на општина Центар подржана од граѓанската иницијатива „Независини заедно“.

Нејзиниот коментар е поврзан со наводниот план за изградба на нови згради во близина на хотелот Александар Палас, и непосредна близина на изворите на Лепенец. 

- 42 згради се планира да се изградат од Александар Палас до изворите на Лепенец, помеѓу Илинденска и Вардар.

Инвеститори ќе бидат фирми од Србија и од Македонија, како и компанијата „Игл хилс“ од Обединетите Арапски Емирати, која го градеше „Белград на вода“, според извори на Слободен Печат.

Според информациите, веќе бил подготвен ДУП-от на Општина Карпош за овој простор и договорено мнозинство советници во Советот што треба да го изгласаат.

Мнозинството во Советот го имаат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со советник од ЗНАМ, ГРОМ и уште некој. Ќе ги држиме советниците на ВМРО-ДПМНЕ за збор, кои цел минат мандат изјавуваа дека нема да гласаат за урбанистички планови кои планираат изградба на згради од десната страна на Вардар, каде се планирани и овие бројни згради.

Остануваме будни и активни и СИГУРНО нема да дозволиме туку така да се донесат вакви урбанистички планови кои се простираат во 3 градски четврти,

З 01, З 04, З 07. Ако сметаат дека нема да го дигнеме Карпош на нозе, нека знаат дека тоа ќе биде најмалото нешто што ќе го направиме.

После 4 години полна уста зборови за работење во интерес на граѓаните, на гласање урбанистички планови со згради само од другата страна на Вардар, ако планираат вакви планови ИСКЛУЧИВО во интерес на приватни инвеститори и со тоа да го уништат квалитетот на живот на карпошани, особено во овој дел од општината, НЕМА да помине! - стои во објавата на „Независни заедно“. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести