Како Грците ја протолкуваа „истата линија“ на Заев и Димитров?
Без коментар не останаа ниту грчките медиуми за фотографиите од Струмица, кои на социјалните мрежи ги објавија премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Според она што го напишаа медиумите во соседна Грција тие го толкуваат тоа како порака од Скопје до Атина.
„Симболична фотографија и порака на Заев и Димитров до Атина: На иста линија“; „Заев-Димитров: На иста линија и на заеднички одмор“; „Твитот на Заев со порака за неговите односи со Димитров“; „Прошетката со мотори и пораката на Заев до Атина за скопското прашање“; „Заев и Димитров се возат на мотори“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, пренесе МИА .
- Личен демант на шпекулациите според кои е во несогласување со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, паралелно испраќајќи порака до Атина, пишува информативниот портал „Iefimerida“.
