Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како грчките медиуми ја толкуваат изјавата на Заев за Уставот?

Како грчките медиуми ја толкуваат изјавата на Заев за Уставот?

ПЈРМ сигурно ќе треба да го отвори прашањето со нејзиниот Устав, пред нејзината интеграција во ЕУ, како сите членки на Унијата, изјави премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Грчката ТВ „Скај“, на нејзиниот официјален сајт, пак, пишува дека „скопскиот премиер Зоран Заев ја остави отворена можноста за ревизија на Уставот на земјата“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми го пренесуваат и ставот на македонскиот премиер во однос на тоа дека решението ќе го одредат институциите, а не лично тој или пак Ципрас, но, не го пренесуваат делот во кој Заев одговара негативно на прашањето дали уставните промени се поврзани со промена на уставното име.

Заев: Можна промена на Уставот за интеграција во ЕУ“, „Заев: Сигурно ќе го отвориме Уставот во пресрет на интеграцијата во ЕУ“, „Отворена веројатноста за ревизија на Уставот на ПЈРМ“, „Заев не ја исклучува можноста за ревизија на Уставот“, се дел од насловите во грчките медиуми. 

Слично

Поврзани вести