Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како граѓаните да се заштитат од загадeниот воздух?

Како граѓаните да се заштитат од загадeниот воздух?

Поради загадување на воздухот во последниве неколку дена, Град Скопје упати препораки до граѓаните да користат јавен превоз. 

Се советува граѓаните  да излегуваат на отворен простор само ако е неопходно. 

Малите деца, бремените, хронично болните и постарите да не излегуваат на улица и да не ги проветруваат просториите во кои се престојува. За греење, во печките граѓаните да користат суво и чисто дрво, и да не се горат отпадоци од мебел и недефинирани синтетички и отпадни материјали.

Автомобилите треба да се користат рационално и да се возат повеќе лица истовремено, а камионите кои немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, да не се користат во сообраќајот.

Освен Скопје, висока загаденост на воздухот деновиве имаше и во Тетово, Битола, Куманово. Концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно повеќе од дозволеното. 


Слично

Поврзани вести