Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ескалираа односите со Бугарија и има ли одговорност кај опозицијата?

Како ескалираа односите со Бугарија и има ли одговорност кај опозицијата?

Како никогаш претходно односите меѓу Скопје и Софија се на најлошо ниво, дел од причините се преку смислените сценарија за провокации, тензии и инциденти. Дел од влошувањето се излева и преку незадоволството, гневот и разочараноста кај македонските граѓани од неприкинатото негирање, омаловажување и навреди.

Сепак, не треба да се игнорира дека и од наша страна може да се забележат зачестени навреди и инциденти со бугарските клубови со провокативни имиња.

Според Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што во третата деценија од 21-от век, прашања базирани на етно-националистичките ставови на политичари од Бугарија, создаваат нетрпеливост, поларизација и недоразбирања помеѓу два соседски народи.

Зошто состојбата ескалираше и можеше ли да се спречи?

„Наместо да зборуваме за напредок во економска соработка, инвестиции, образование и наука, ние како народ сме принудени да го браниме македонскиот идентитет пред нападите од нео-шовинизмот“, вели Андоновски.

Договор за (не) пријателство

Доколу ја запрашате опозицијата, еден од главните проблеми, е Договорот за пријателство и добрососедство кој избрзано, како што велат, го потпишал поранешниот премиер Зоран Заев со неговиот колега Борисов.

„Истовремено, не треба да го испуштиме фактот дека најголемата ескалација започна по потпишувањето на Договорот за добрососедство, и особено, по потпишувањето на Преспанскиот договор. И претходно во Бугарија имало маргинални политичари со вакви идеи, но владите во 30-те години независнот не покажувале ‚мек стомак' кој дозволувал ваков тип негирање. Сега кога во Македонија има влада која прво потпиша договори со кои се разгореа асимилаторските тенденции на соседите, дозволи формирање на клубови за провокации со фашистички имиња, растурени безбедносни структури кои дозволуваат националистички пропаганди да потплатуваат лица од Македонија да бидат дел од провокациите, оваа ескалација е очекувана“, дополнува Андоновски.

Власта ја обвинува опозицијата

Додека владејачката структура ги оправдува договорите со соседите со кои се одблокира евроатлантскиот пат, истовремено ја обвинува и опозицијата дека не сака членство во ЕУ и презема сѐ за тоа да го спречи.

За дел од провокациите е посочена и опозицијата, односно дека е дел од тие сценарија (наводно актерите се или биле членови на ВМРО-ДМНЕ), некои ги нарекуваат и проруски сценарија за само да се одалечи земјата од европскиот пат.

„Одговорно можам да потврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква поврзаност со било кој од посочените инциденти. Некои од нив, времето покажува, дека се случиле помеѓу лица кои имаат и државјанства на една иста соседна држава. Попусти беа обидите на Оливер Спасовски, сопствената неспособност за брзо разрешување на овие состојби да го покрива со нова лага за ВМРО-ДПМНЕ", заклучува Андоновски.

Х.С.

Слично

Поврзани вести