Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како е рангирана Македонија во новиот извештај на Freedom House

Како е рангирана Македонија во новиот извештај на Freedom House

Македонија ја задржа оценката на делумно слободна земја според новиот извештај на американската невладина организација „Фридом хаус“, во новиот извештај за слободата во светот во 2018-та година. Македонија е наведена како земја чии настани и случувања годинава треба да се следат.

Притоа, се оценува дека демократски избраната и етнички инклузивна влада, се обидува да ја искорени корупцијата, како и другите системски злоупотреби кои се зголемија во според извештајот, со скандали зафатена претходната влада. Тука е и решавањето на „спорот за името“ со Грција која го попречува патот на земјата за членство во Европската унија.

Годинашната оценка Македонија ја дели со Албанија, Косово, Црна Гора и со Босна и Херцеговина. Соседите Бугарија и Србија, заедно со Хрватска, се оценети како слободни држави, а како неслободна земја во наша близина е наведена Турција.

Од вкупно 195 држави, 49 не се слободни, 58 се делумно, а 88 се слободни.


Слично

Поврзани вести