Пратениците ги променија ставовите, но сепак тоа е нивно суверено право
Пратеничката Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ иако претходно беше против Договорот со Грција, сепак синоќа даде поддршка со својот глас.
Таа пред десетина дена, реплицирајќи на колешката од парламентарното мнозинство Соња Мираковска во Собранието одговори дека не се работи за емоции, туку дека треба да се почитува Уставот и законите.
„Ја урнисавте правната држава сакате да го урнисате и Уставот. Референдум е неуспешен и затоа не треба да се бара од пратениците да гласаат за промена на името“, рече тогаш.


Слично
