KАКО Е МОЖНО: За плата од 1200 евра не може да најде работници
Работодавец од регионот нуди плата од 1200 евра, но не може да најде работници.
Амир Алијагиќ во Конавли произведува ПВЦ столарија и свои производи извезува во соседните земји. Најголем проблем му е работната сила која тешко се наоѓа иако нуди одлични услови.
„Работниците имаат сместување и храна. Сега имам 10 работници, а ми требаат уште, но работници е тешко да се најдат“ – рекол Амир за хрватската Нова ТВ.
Просечната плата е околу 8 до 9 илјади куни.
Работници побарал во соседните земји. Хрватска веќе долго време се бори со недостиг на работна сила, а оваа година особено имаше побарувачка на сезонски работници.
Слично
