Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО Е МОЖНО ВО ЕДНА ГОДИНА ДА СЕ ПРОДАДЕНИ НАД 1.300.000 КУТИИ ДИАЗЕПАМ ВО ЗЕМЈАВА? Реакции на социјалните мрежи, во коментари се вклучуваат и лекари

КАКО Е МОЖНО ВО ЕДНА ГОДИНА ДА СЕ ПРОДАДЕНИ НАД 1.300.000 КУТИИ ДИАЗЕПАМ ВО ЗЕМЈАВА? Реакции на социјалните мрежи, во коментари се вклучуваат и лекари

Откако во јавноста излезе информацијата дека во Македонија за една година се продадени повеќе од 1.300.000 кутии дијазепам во земјава, една членка реагира на податокот. На нејзиниот статус коментираат и докторите. 
„Како е можно во една година да се продадени над 1.300.000 кутии дијазепам во земјава?

(Едит: ова била бројката издадена на рецепт, а во реалност е веројатно 2,5 пати поголема!)

Зарем не е ова класична злоупотреба на апчиња за смирување?

Зависност?

Дали ги препишуваат лекарите?

Дали луѓето ги купуваат самоиницијативно?

Нели би требало малку повнимателно да се постапува при купопродажба на вакви апчиња?

Зарем сите возрасни се навлечени на дрогава?

Дијазепамот не ги решава проблемите, само те прави отапен, бесчувствителен на нив, до следната доза!

Ако ништо не чувствуваш, никогаш нема да сакаш ништо ни да промениш!

Ова е класично бегство од реалноста, исто како што е опишано во Храбар нов свет на Хаксли.

Каков пример даваме на младите како родители?!“, реагира таа.



Слично

Поврзани вести