Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години колку што биле на власт и со ВМРО и со СДСМ да не се обвинат и осудат за криминал и корупција, кога се знае дека Македонија цело ова време, од релевантни домашни и странски фактори, се смета за најкорумпирана држава во регионот и светот?

Ова го напиша поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кој важи за истакнат критичар на општествените случувања.

- Ова стана можно почнувајќи со игнорирањето на препораките на Прибе, забраната на "бомбите" на Заев, укинувањето на СЈО, тајните коруптивни договори со СИНОХИДРО и БЕХТЕЛ и ЕНКА, како и со измените на Кривичниот Законик, спротивно на ставот на ЕУ и САД - напиша Хајредини на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести