Како државата градела гаражи за 4.500 евра за квадрат, а приватните инвеститори за 450 евра
„Откако ја изградивме година и пол не се ставаше во употреба и покрај тоа што беше поминат технички прием. Дополнително плативме уште 250.000 евра комуналии за да го легализираат. После општината даде во првата година бесплатен паркинг од околу. Потоа со одлука на Град Скопје се донесе одлука 10 отсто од прометот на гаражата да оди на град Скопје. Тоа е мерка надвор од сите економски случувања. Значи се редеа одлуки кои не ни одеа во прилог и не ги остваривме целите. А целата инвестиција е на Илинден. Освен тоа годишниот закуп на земјиштето беше 70.000 евра“, вели Андреја Ошавков, АДГ Илинден за катната гаража во скопската населба Аеродром.
Градежната компанија Илинден која ја изгуби катната гаража во скопската населба Аеродром. Објектот кој е изграден пред осум години остана на Комерцијална банка каде инвеститорот ја ставил под хипотека уште кога се задолжувал за да ја изгради. Сега банката ја продава, ама тешко наоѓа заинтересирани купувачи, оти како што велат од Илинден, бизнисот не е рентабилен.Фото: Билд.мк
Слично
